Штип

Бесплатна правна помош – една од темите на Меѓународната научна конференција на УГД

28.09.2023 12:16

Лицата во социјален ризик имаат право на примарна и секундарна бесплатна правна помош. Примарната правна помош може да ја добијат во подрачните одделенија на Министерството за правда, но и на правните клиники на неколку правни факултети во државата. Во земјите на ЕУ бесплатната правна помош е значаен инструмент во пристапноста на правна заштита на сите граѓани...

Бесплатната правна помош е инструмент за унапредување на правото на пристап до правда и правична судска заштита. Им следува на лица во социјален ризик, а можат да ја побараат во подрачните одделенија на Министерството за правда, но и на правните клиники на Правните факултети во државата.

Правните универзитетски клиники во Франција имаат долга традиција и се важен сегмент во правото на пристап до правда.

Бесплатната правна помош беше дел од обврските пред прием на Хрватска во ЕУ, вели универзитетскиот професор Ален Узелац.

„Во периодот на транзиција дојде до пад на квалитетот во заштитата на индивидуалните права. Тогаш почна процесот на изградба на функционален правен систем. За да пристапиме кон ЕУ моравме да донесеме Закон за бесплатна правна помош. Од основањето на правната клиника на Универзитетот во Загреб пред 12 години, до сега имаме над 20 илјади предмети“, изјави проф. Ален Узелац - Универзитет во Загреб Хрватска.

 

Славица Величковска