Битола

Единствениот македонски краток филм „Мавера“ вечерва се прикажува на „Браќа Манаки“

28.09.2023 12:46

Краткиот игран филм „Мавера“ е во официјалната селекција на кратките играни филмови на 44-то издание од интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“...

Краткиот игран филм „Мавера“ е во официјалната селекција на кратките играни филмови на 44-то издание од интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ како единствен Македонски краток филм ќе биде прикажан на вечерва во Центарот за култура во Битола со почеток од 19:00 часот.

Овој проект е независно финансиран, без надворешна поддршка, а притоа е селектиран од голема конкуренција на Македонски и странски филмови со високи буџети, во режија и сценарио на Батухан Ибрахим, кој е и продуцент на филмот заедно со Стефан Ѓоргиевски, кој исто така е и кинематографер на проектот.

Монтажер е Драган Спасов а дизајнот на звук е на Ристо Алчинов. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска.

Ибрахим вели дека со Ѓорѓиевски ги работеле сите заеднички студентски филмови, вежби а покрај тоа и останати проекти коишто не се филм.