Скопје

Експертите воздржани за безбедноста на мостот „Беласица“

28.09.2023 14:54

ЕСМ ги донесе топловодните цевки под опожарениот мост „Беласица“. Експертите се прашуваат кој дал зелено светло за користење на мостот. Сè уште не може да се оцени дали е безбеден за сообраќај, вели деканот на Градежниот факултет Горан Марковски …

На 12-ти мај се случи голем пожар на мостот „Беласица“ – клучна сообраќајна артерија меѓу двата дела на Скопје што ги дели реката Вардар. Мостот беше веднаш затворен, сè додека не се истражи дали е безбеден и што треба да се направи за да се санира.

Мостот од пред некое време е ставен делумно во функција, но дел од експертската фела е скептична да безбедноста. Според деканот на Градежниот факултет, морало да се извршат детални анализи.

Градоначалничката Арсовска уверува дека мостот е безбеден. Според неа, потребно е да се изврши санација во долниот дел. Таа тврди дека обврската ја има ЕСМ и оти тоа треба да го направи пред да ги постави цевките за пренос на топлинска енергија кои беа отстранети по пожарот. Екипите ги донесоа цевките, ама инспектори на Град Скопје ги стопирале оти немале документација.

И додека Арсовска се оградува и смета дека ЕСМ треба да ја изврши работата, компанијата порачува дека нивна одговорност се цевките, но не и санацијата на мостот.

Александра Спировска