Македонија

Прилеп: Запалена депонијата, сомнеж за подметнат пожар

28.09.2023 15:10

Три дена гори прилепската депонија кај селото Алинци. Надлежните го локализираа, но пожарот сѐ уште не е изгаснат. Заседаваше и кризниот штаб, побарано е поголемо присуство на полицијата, инспектортот прави увид поради големата опасност од загадување на средината...

Локализиран е пожарот на прилепската депонија, но не е изгаснат. Цел ден пожарникарите, од комуналното претпријатие и други фирми работат при реална опасност и испарувања на депонијата.

Заседаваше и кризниот штаб. Од Комуналец сметаат дека намерно се пали, зашто во три дена гори на различни локалции. Се побара зајакнато присуство на полицијата, а увид прават инспекциските служби, посебно, за животна средина.

Ова е едно од најголемите предизвикувања пожар на депонијата кај Алинци стара речиси 50 години и е на 4 хектари.  Не се знае кога пожарот целосно ќе биде изгаснат. В година треба да профункционира регионалната депонија кај Новаци.

 

Елизабета Митреска