Судство

Судската администрација на улица, бараат повисоки плати

28.09.2023 16:36

Судската администрација го блокира Скопје. На една локација протест од Независниот синдикат, а на друга од УПОЗ. бараат зголемување на платите за 78 насто, исто како за функционерите. Штрајк и на вработените во сите Јавни обвинителства...

Во судската администрација има околу 2.000 вработени, тие денеска излегоа на улица. Бараат повисоки плати за 78 проценти и додатоци на плати за 35 насто.

Административците рекоа дека со исполнување на нивното барање за зголемување на платата за 78 проценти никој од нив нема да ја надмине просечната плата, туку само ќе се доближи до неа. Предупредија и дека без нив судството не функционира.

И Независниот синдикат на судската администрација и Синдикатот на затворска полиција и администрација одржаа протестен марш од Кривичниот суд до Министерството за финансии.

По протестите, УПОЗ седна на маса со министерот Лога. Од правда велат дека ќе побараат од Владата, во соработка со ресорот финансии, да се разгледа можноста од почнување преговори за да се решение.

 

 

Ана Јосифоска Тодоровска