Австрија
Австрија бара забрзана интеграција на Западен Балкан во ЕУ
28.09.2023 16:42
Министрите за надворешни работи и за европски прашања, Шаленберг и Едштадлер со писмо го повикуваат Брисел да има јасен план за побрза интеграција до 2024-та...

Австрија бара побрза евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. Министрите за надворешни работи и за европски прашања, Шаленберг и Едштадлер со писмо го повикуваат Брисел да има јасен план за побрза интеграција до 2024-та.
„Ние сакаме и ни требаат земјите од овој регион на наша страна. Тие се клучен партнер и составен дел на нашето европско семејство, се наведува во писмото испратено до шефот за надворешна и безбедносна политика Борел и Еврокомесарот Вархеји“.
