Ротердам
Пукотници во Ротердам, има загинати
28.09.2023 20:07
Пукотници во Ротердам. 32-годишен осомничен кој бил на мотоцикл облечен во војничка опрема отворил оган во медицинскиот центар Еразмус и во куќа околу 14 часот попладне...

Пукотници во Ротердам. 32-годишен осомничен кој бил на мотоцикл облечен во војничка опрема отворил оган во медицинскиот центар Еразмус и во куќа околу 14 часот попладне.
По што на двете локации избил пожар.
Ова резултирало со масовна паника во која што студенти и пациенти бегале да спасат жива глава.
Има најмалку двајца загинати 39-годишна жена чијашто ќерка е тешко повредена и 42-годишен професор на Универзитетот.
Осомничениот бил студент. Се истражуваат мотивите за нападот.
