Временска прогноза

Сончево со умерена облачност

29.09.2023 08:16

Попладне претежно во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.