Собрание
Денеска во Собрание 126-та седница
29.09.2023 08:19
На дневен ред како неразгледани точки останати се ратификации, како и измените на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Предлог-измените на Законот за здравствена заштита...

Во Собранието на Северна Македонија денеска треба да продолжи 126-та пленарна седница.
На дневен ред како неразгледани точки останати се ратификации, како и измените на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Предлог-измените на Законот за здравствена заштита.
Пратениците ќе треба да ги разгледаат и Предлог одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници, како и Законот за извршување на Буџетот за 2023 година, кои денеска се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.
