Денеска ќе се избира составот на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија.
Утврдување предлог-одлука за избор на претседател, членови и нивни заменици на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, е единствената точка по која ќе дискутираат членовите на Комисијата за изборите и именувањата. Утврдување предлог-одлука за избор на претседател, членови и нивни заменици на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, е единствената точка по која ќе дискутираат членовите на Комисијата за изборите и именувањата.
На дневниот ред на Законодавно – правната комисија се Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, по скратена постапка.
