Отворање на мултимедијалната самостојна изложба насловена „Пејзаж на тишината“
Во Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје вечер ќе биде отворена изложбата насловена „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска, во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 година...

Во Галеријата „КО-РА“-(салон сутерен) во Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје вечер ќе биде отворена изложбата насловена „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска, во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 година.
Проектот е поддржан од Град Скопје и од Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје во рамки на годишната програма од областа на визуелните уметности и претставува збогатување на културната понуда за граѓаните и за сите посетители.
Авторката ќе се претстави со шеесетина дела. Изложбата е од мултимедијален карактер, содржи комбинирани техники, слики во акрилна техника, графики, дизајнерски накит, изработки на сликарски моден дизајн, минијатурни пејзажи на камен, како и етно и еко-торби со изразен сликарски печат на авторката Маја Николовска. Делата претставуваат спој на реалното и апстрактното. Во овој мултимедијален проект, дел од делата ќе бидат претставени и на видеопроекција.
