Ерменија

Над 84.000 луѓе од Нагорно-Карабах пристигнале во Ерменија

29.09.2023 09:21

Над 84.000 луѓе го напуштија Нагорно-Карабах и пристигнале во Ерменија. Премиерот Пашинјан верува дека за неколку дена во Нагорно-Карабах нема да има Ерменци...

Над 84.000 луѓе го напуштија Нагорно-Карабах и пристигнале во Ерменија. Премиерот Пашинјан верува дека за неколку дена во Нагорно-Карабах нема да има Ерменци.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан, ги отфрли обвинувањата дека азербејџанските власти вршат етничко чистење во Нагорно-Карабах.

Регионот потпиша указ за распуштање на сите институции на први јануари 2024 година со кој самопрогласената република ќе престане да постои од тој датум.