ООН: Повеќе од 2.500 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат до Европа
Повеќе од 2.500 мигранти загинале или исчезнале од почетокот на годината, обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземното Море, велат од комесаријатот за бегалци на ООН...

Повеќе од 2.500 мигранти загинале или исчезнале од почетокот на годината, обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземното Море, велат од комесаријатот за бегалци на ООН. Бараат медитеранските држави итно да ги засилат напорите за пребарување и спасување.
„Италија не може да се остави сама да одговори на потребите на пристигнатите. УНХЦР постојано повика на воспоставување договорен регионален механизам за спасување на луѓето кои пристигнуваат по море, во духот на споделување одговорност и солидарност со државите од првата линија“, Рувен Меникдивела-комесаријат за бегалци на ООН.
Климатските промени и несигурноста на храната во земјите на потекло и транзит влијаат на животните услови и придонесуваат за раселување и неправилна миграција.
