Шведскиот премиер побара помош од војската по порастот на насилствата со криминалните банди
Реакцијата следи откако за 12 часа двајца мажи беа убиени близу Стокхолм, а 25-годишна жена загина во експлозија во зграда во северниот дел на земјата...

Шведскиот премиер ја повика војската напомош по порастот на насилствата поврзани со криминалните банди. Реакцијата следи откако за 12 часа двајца мажи беа убиени близу Стокхолм, а 25-годишна жена загина во експлозија во зграда во северниот дел на земјата.
„Сериозниот организиран криминал е во пораст повеќе од една деценија. За десет години бројот на смртоносни оружја е тројно зголемен. Политичката наивност и незнаење е она што не донесе овде.Неодговорната миграција и неуспешната интеграција не доведоа овде“, изјави Улф Кристерсон-премиер на Шведска.
Само овој месец, 12 луѓе беа убиени во насилствата на бандите, најмногу од декември 2019. Шведските медиуми го поврзаа последниот пораст на насилствата со криминалната мрежа „Фокстрот“, која се подели на две ривалски фракции.
