Македонија
ЦУК: Активен пожарот кај Алинци, вчера изгаснати 25
29.09.2023 09:26
Од ЦУК информираат дека изгнаснати се 25 пожари во 24 општини, а гореле неколку депонии, стрништа, отпадоци, сува трева, трње...

Кај прилепското село Алинци сѐ уште чади опожарената депонија, а пожарот на оваа локација е единствениот активен од 26-те што беа регистрирани вчера во државава, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК информираат дека изгнаснати се 25 пожари во 24 општини, а гореле неколку депонии, стрништа, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума – даб и габер, како и борова шума.
