КОСОВО

Полициска акција во Косовска Митровица

29.09.2023 09:33

Полициската акција е во врска со последните настани во Бањска, засега нема уапсени...

Со оклопни возила и специјалци, косовската полиција врши претреси во северниот дел на Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток во неколку објекти. Според властите, во тек е полициска акција во врска со последните настани во Бањска, засега нема уапсени.

На северот на Косово е зголемено полициското присуство по инцидентот викендов во којшто полицаец и неколку напаѓачи од српска националност беа убиени.