Руските хокеари на врвот на светот, утеха за дебаклот во Сочи

26.05.2014 12:33

Во последниот период Запиров и Тихонов само ја потврдија победата за конечни 5 : 2...

Хокеарската репрезентација на Русија тирумфира на Светското првенство во Минск, со убедливата победа над Финска од 5 : 2. Првата половина од мечот беше рамноправна и исполнета со пресврти, а финалето го отвори Широков во 11 минута. Израмни Пакаринен со гол на 3 секунди до крајот на првиот период, а Палола на истекот на 7 минута од втората третина и донесе водство на Финска. Но, оттогаш на мразот во Минск арена постоеше само рускиот состав. Пред над 15.000 присутни главно навивачи на Русија капитенот Овечкин израмни веќе во следниот напад, а втората мега звезда Малкин ја врати предноста точно на половина од финалната пресметка.

Во последниот период Запиров и Тихонов само ја потврдија победата за конечни 5 : 2, со кои Русија дојде до својата 5 та светска титула по распаѓањето на некогашниот Советски сојуз, а четврта во последните 6 години (2008, 2009, 2012 и 2014). Победата над Финска е само делумна утеха за елиминацијата во четвртфиналето на ОИ во Сочи пред три месеца, по кои фаворизираната домашна репрезентација остана без борба за медалите. За МВП на шампионатот е избран финскиот голман Пека Рине, најдобар стрелец на турнирот е рускиот напаѓач Виктор Тихонов со 16 поени, од кои по 8 гола и исто толку асистенции, пред сонародникот Дариус Зарипов со 13 поени.  

Досегашниот светски првак Шведска дојде до бронзениот медал, по убедливата победа над Чешка со 3 : 0, со головите на Линдстром, Хјалмарсон и Беклунд.