МТСП

Тренчевска: Родовото одговорно буџетирање е моја мисија

29.09.2023 11:38

Јованка Тренчевска со своето обраќање го отвори состанокот на работната група за економско зајакнување на жените во Западен Балкан, која е во организација на UNDP и Friends of Europe...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со своето обраќање го отвори состанокот на работната група за економско зајакнување на жените во Западен Балкан, која е во организација на UNDP и Friends of Europe. Целта на работната група е да ги идентификува предизвиците на жените во делот на подобро економско зајакнување во Западен Балкан. Овој е четврти по ред состанок е организиран во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Министерката се задржа и на достигнувањето на државата во однос на прашањето за родово одговорно буџетирање во делот на стратешката и законската рамка. Таа посочи на носењето на првата Стратегија за родово одговорно буџетирање во 2012 година и истакна дека Министерството за финансии за првпат ги измени буџетските инструкции за 2013 и 2014 година со кој се задолжуваат три министерства и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, за избор на програма за родова анализа и развивање на релевантни родови индикатори за следење на влијанието на програмите врз жените и мажите.

Тренчевска направи споредба на општественото поставување кога е започната нејзината борба за РОБ и моменталната општествена ситуација.

Таа истакна дека целта на отворањето на овој центар е зајакнување на капацитетите на администрацијата во делот на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање. Министерката на крајот од своето обраќање им посака на работната група плодна дискусија и посочи дека со нетрпение ќе ги очекува заклучоците кои со сигурност ќе придонесат кон унапредување на прашањето за родово одговорно буџетирање, стои во соопштението од МТСП.