регион
Косово: Претреси на неколку локации во Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток
29.09.2023 12:33
Директорот на Клиничкиот центар во Косовска Митровица, за РТС вели дека антитерористичките и специјалните единици, со присуство на полицаец ЕУЛЕКС, упаднале во таа здравствена установа во раните утрински часови...

Претреси на неколку локации во Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток. Директорот на Клиничкиот центар во Косовска Митровица, за РТС вели дека антитерористичките и специјалните единици, со присуство на полицаец ЕУЛЕКС, упаднале во таа здравствена установа во раните утрински часови. По претресот, поднеле пријава на албански јазик, во која изјавиле дека не пронашле ништо.
Според властите, акцијата е поврзана со последните настани во Бањска каде загина полицаец и четворица граѓани од српска националност.
