Светска банка: Македонија со засилен економски раст во 2014-та и 2015-та
Нотиран е раст на извозот и на странските инвестиции. Од Светската банка порачуваат дека за уште позасилен економски раст, потребни се повеќе структурни реформи...

Македонската економија годинава ќе порасне за 3, а идната за 3,5 проценти – оценува Светска банка во последниот редовен економски извештај за земјите од Југоисточна Европа.
Нотиран е раст на извозот и на странските инвестиции. Од Светската банка порачуваат дека за уште позасилен економски раст, потребни се повеќе структурни реформи, особено во делот на пазарот на трудот, дополнително зајакнување на извозниот сектор и негово поврзување со домашните компании. Како надворешни ризици се нотираат евентуалното намалување на побарувачката од ЕУ и повисоката цена на нафтата.
„Растот на македонската економија споредено со другите земји од регионот во 2013-тата беше многу силен. Во првата половина од годината Македонија имаше највисока стапка на раст, за на крајот на годината да заврши со втора највисока стапка. Причина за ова беше закрепнувањето на индустриите и добрата земјоделска година. И за годинава прогнозираме доста силен раст“, изјави Доерти Доемланд, економист на Светска банка.
Јавниот и долгот на централната влада се уште се подносливи и се значително под регионалниот просек кој се движи околу 50% – оценува банката.
