Грција

Се пребројуваат штетите по невремето во Грција

29.09.2023 13:29

Граѓаните и натаму стравуваат од лизгање на земјиштето. Во Волос невремето „Елиас“ предизвика и проблеми и во снабдувањето со електрична енергија и вода...

Стивнува невремето во централна Грција, оставајќи зад себе големи поплави и штети на инфраструктурата низ земјоделскиот регион што беше погоден од две силни бури за помалку од еден месец.

Граѓаните и натаму стравуваат од лизгање на земјиштето. Во Волос невремето „Елиас“ предизвика и проблеми и во снабдувањето со електрична енергија и вода.