Органското производство има иднина, неопходна поддршка
Над 300 излагачи, компании, здруженија од земјава но и од соседството, учествуваат на саемите Органска трпеза и Агро Мак кои наредниве три дена ќе се одржат во Куманово. Излагачите задоволни органската храна е сè побарана, но мора да се работи на организиран пласман. Посочуваат дека мора да расне и бројот на ваквите саеми во земјава...

Поголема поддршка од државата за организиран пласман на производите надвор од земјата, но и организирани саеми, бараат органските производители, кои учествуваат на двата саеми „Органска трпеза“ и „Агро мак“, кои деновиве се одржуваат во Куманово. Интересот за користење здрава храна велат расте, особено по ковид пандемијата.
На двата саеми годинава учествуваат над 300 излагачи на производи но и земјоделска механизација, компании, асоцијации, општини. Најбројни се штандовите со различни видови на мед, чаеви, пекарски и млечни производи, јаткасти плодови. Интересот за учество велат организаторите секоја година е сè поголем. Се надеваат дека размената на искуства и контактите ќе придонесат за пласман на производите надвор од државата.
Освен изложбен дел на саемите ќе се одржат и мини панели, дискусии, работилници, во кои ќе учествуваат компании но и експерти.
Според регистарот на органски производители во земјава се регистрирани над 700 производители.
Елена Георгиевска
