НАТО испраќа дополнителни сили на Косово
Брисел будно ја следи ситуацијата откако синоќа потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ ја презеде целосно одговорноста за нападот во Бањска...

Британското министерство за одбрана ја префрли командата на армискиот баталјон на НАТО за да може да обезбеди поддршка на Косово доколку е потребно.
Брисел будно ја следи ситуацијата откако синоќа потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ ја презеде целосно одговорноста за нападот во Бањска.
Српскиот претседател Вучиќ рече дека Радојчиќ ќе мора да одговори на повикот на надлежните државни органи. Додаде дека имал долг телефонски разговор со американскиот државен секретар Блинкен и се согласиле дека е потребна деескалација.
За косовскиот премиер Албин Курти, обидот српскиот претседател да се одвои од потпретседателот на Српска листа е веќе виден филм.
