Украина: Напади на двете страни, Путин слави
И додека украинските власти се обидуваат да го оправдаат местото во европското семејство, рускиот претседател Путин ја слави првата годишнина од обединувањето на окупираните региони со Руската Федерација.

Силите на Киев тврдат дека руската армија извршила напади на западот од Украина. Противвоздушната одбрана на Русија, пак тврди дека соборила 9 украински ракети над Белгород. Борби се водат на повеќе фронтови.
И додека украинските власти се обидуваат да го оправдаат местото во европското семејство, рускиот претседател Путин ја слави првата годишнина од обединувањето на окупираните региони со Руската Федерација.
„Неодамнешните избори во народните републики Доњецк и Луганск, Запорожје и Херсонскиот регион беа важен чекор во зајакнувањето на нашиот заеднички државен, политички и правен простор. Како и пред една година, на историските референдуми, народот уште еднаш го изрази и потврди своето-ќе бидат со Русија и ќе ги поддржат своите сонародници“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
Путин потпиша указ со кој од 1-ви октомври ќе регрутира уште 130 илјади луѓе. Швајцарските власти соопштија дека ќе одвојат 100 милиони швајцарски франци за деминирање на Украина.
