Мигрантите во фокусот на самитот „МЕД9“
Домаќинот на самитот, малтешкиот премиер Роберт Абела, оцени дека прашањето за мигрантите мора да се реши во корен, со цврсти и глобални партнерства со сите партнери во јужниот дел на Медитеранот. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази резерва за улогата на невладините организации.

Медитеранските земји од ЕУ на самитот во Малта повикаа на обединет одговор на миграциската криза. Домаќинот на самитот, малтешкиот премиер Роберт Абела, оцени дека прашањето за мигрантите мора да се реши во корен, со цврсти и глобални партнерства со сите партнери во јужниот дел на Медитеранот. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази резерва за улогата на невладините организации.
„Кризата со која се соочуваме, јасно ни кажува дека ризикуваме да бидеме први на удар, но потоа, во отсуство на структурни одговори, сите ќе бидат преоптоварени од овој проблем“, рече италијанската премиерка Мелони.
„Вонредната ситуација многу јасно повикува на единствен европски одговор и нè наведува сите да покажеме солидарност со Италија“, нагласи францускиот претседател Макрон.
Најмалку 990 мигранти загинаа во централниот дел на Медитеранот меѓу јуни и август. 600 „малолетници без придружба“ се обиделе да стигнат до Италија, што е за 60 насто повеќе отколку во истиот период во 2022-та година.
