Вонредни парламентарни избори во Словачка
Најголема поддршка има популистичкиот поранешен премиер Роберт Фико, кој водеше кампања со јасна проруска и антиамериканска порака, против либералниот прозападен лидер на „Прогресивна Словачка“ Михаел Шимечк.
Парламентарни избори во Словачка-клучен тест, што може да ја стави земјата на нов курс далеку од Киев и кон Москва, заканувајќи се да го наруши кревкото единство во Европската унија и НАТО.
Најголема поддршка има популистичкиот поранешен премиер Роберт Фико, кој водеше кампања со јасна проруска и антиамериканска порака, против либералниот прозападен лидер на „Прогресивна Словачка“ Михаел Шимечк.
Фико и неговата левичарска партија Смер ветија дека ќе ја поништат воената поддршка за соседна Украина, доколку се врати на власт.
Кој и да победи, формирањето на влада ќе биде тешко.
