Фудбал – СП Бразил 2014

17 дена – 17 имиња!

26.05.2014 13:31

Оригиналниот пехар е во трајна соптсвеност на ФИФА, додека светскиот првак добива специјална копија исто така направена од злато...

Актуелниот трофеј наменет за светскиот првак во фудбал е изработен во 1974-та и на него има место да се напишат имиња на 17 шампиони или се до мундијалот во 2038 година. Овој пехар којшто на Светското првенство во Германија го замени „Трофејот на Жил Риме“ е направен од 18 каратно злато, висок е 36,8 сантиметри и е тежож 6,175 килограми. Меѓу 53-те пријави од скулптори од седум земји, ФИФА го избра идејното решение на Италијанецот Силвио Гаѕанига.

Досега најдрагоцениот фудбалски пехар го креваа 10  капитени, но од шест различни репрезентации и тоа: Франц Бекенбауер – Германија 1074, Даниел Пасарела – Арфентина 1978, Дино Ѕоф – Италија 1982, Диего Армандо Марадона – Аргентина 1986, Лотар Матуес – Германија 1990, Карлос Дунга – Бразил 1994, Дидие Дешамп – Франција 1998, Кафу – Бразил 2002, Фабио Канаваро – Италија 2006 и Ике Касиљас – Шпанија 2010..

Оригиналниот пехар е во трајна соптсвеност на ФИФА, додека светскиот првак добива специјална копија исто така направена од злато.

Шампионите ја задржуваат верзијата од трофејот наменета за нив, па за секое Светско првенство се прави нова копија. .