САД

Во Њујорк прогласена вонредна состојба поради поплави

30.09.2023 10:26

Затворено е метрото и еден терминал на аеродромот Лагвардија, а поголем број од патиштата се под вода.

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба откако голем дел од областа беше поплавена поради невремето и обилните врнежи.

Затворено е метрото и еден терминал на аеродромот Лагвардија, а поголем број од патиштата се под вода.

Властите издадоа предупредување за поплави во Менхетен, Бруклин и Квинс.