Руски дрон се урна во постројки за жито на југоистокот од Романија
Нова драма на југоистокот од Романија. Руски дрон се урна во близина на Галати, властите ја подигаат одбраната долж границата. Во Украина, напади на двете страни. Путин слави годишнина од обединувањето на окупираните региони со Руската Федерација. Најави регрутирање на уште 130 илјади луѓе. Зеленски, пак, се обидува да привлече производители за производство на оружје во земјата…

Уште една непроспиена ноќ за жителите од југоистокот на Романија. Руско беспилотно летало заврши во постројките за жито во близина до градот Галати. Властите ја зголемуваат одбраната близу до границата со Украина, стравувајќи од ширење на конфликтот.
„Бев во полето, овде – еден час пред да се урне леталото“, вели жител на Галати.
Властите поведоа истрага.
„Добив информација дека нешто паднало, но не можам да дадам повеќе информации. Целата област е информирана, продолжуваме со потрагата“, вели истражител.
Силите на Киев тврдат дека руската армија извршила напади на западот од Украина. Противвоздушната одбрана на Русија соборила 9 украински ракети над Белгород. Борби се водат на повеќе фронтови. И додека украинските власти се обидуваат да го оправдаат местото во европското семејство, рускиот претседател Путин ја слави годишнината од обединувањето на окупираните региони со Руската Федерација. Најави регрутирање на уште 130 илјади луѓе.
„Изборите во народните републики Доњецк и Луганск, Запорожје и Херсонскиот регион беа важен чекор во зајакнувањето на нашиот заеднички државен, политички и правен простор. Како и пред една година, на историските референдуми, народот уште еднаш го изрази и потврди своето-ќе бидат со Русија и ќе ги поддржат своите сонародници“, рече рускиот претседател Владимир Путин.
Во Киев-меѓународен форум за одбранбена индустрија. Зеленски се обидува да привлече производители за производство на оружје во земјата.
„Со својата криминална и неиспровоцирана агресија против Украина, Русија ѝ покажа на секоја нација дека може да ги загрози суверенитетот и нормалниот живот на секој народ на планетата. Очигледно е дека без сопственото производство на оружје и муниција, без нашите сопствени одбранбени технологии, невозможно е да ја вратиме територијата“, изјави украинскиот претседател, Володримир Зеленски.
На форумот учествуваат над 30 земји и 252 одбранбени компании од целиот свет-Европа, Америка, Азија, Австралија. Зеленски вети специјален фонд за одбрана делумно финансиран за продажба на конфискуваните руски средства што ќе придонесе за развој на военото производство и поддршка на соработките.
Бојана Крстевски
