Тодоров: Се преземаат сите мерки за превенција од заразни болести по полавите
Засега нема опсаности од заразни болести, смируваат од Министерството за здравтсво...

Дизинфекција, дератизација во поплавените објекти и прскање против комарци - овие безбедносни мерки треба да се применат на граничните премини, како и хигиенски превентивни мерки на коридорите, препорача Комисијата за спречување на заразни болести по поплавите кај соседите и поројните дождови кај нас.
Засега нема опсаности од заразни болести, смируваат од Министерството за здравтсво.
Се преземаат сите мерки што стојат на располагање и се препорачливи за вакви моменти, информира министерот за здравство Никола Тодоров.
Преземена е мерка да се подели 3,5 тони дезинфенкциски средства на сите јавни здравствени установи во државата, но и на установите кои како резултат на вчерашното невреме беа поплавени. Тоа се три градинки и Детската клиника во Скопје, рече Тодоров.
Посочи дека е направена дезинсекција и дератизација во трите градинки и поплавените подрумски простории на Клиниката и дека инспекциите се на терен.
