Македонија

Интервју со Гордана Јанкулоска в понеделник во „360 Степени“ на МРТ 1

30.09.2023 17:19

Пред неколку дена навршија три години откако Јанкулоска почна да ја издржува четиригодишната казна затвор за набавката на „мерцедесот“, предмет познат во јавноста под кодното име „Тенк“. Од пред неколку месеци таа доби право на викенд и други законски предвидени отсуства од „Идризово“, па интервјуто е снимено на нејзиното последно отсуство...

Во новото издание на емисијата „360 степени“ кое ќе се емитува в понеделник од 20:15 на МРТ1 гостува Гордана Јанкулоска.

Како што информираат од „360 Степени“, пред неколку дена навршија три години откако Јанкулоска почна да ја издржува четиригодишната казна затвор за набавката на „мерцедесот“, предмет познат во јавноста под кодното име „Тенк“. Од пред неколку месеци таа доби право на викенд и други законски предвидени отсуства од „Идризово“, па интервјуто е снимено на нејзиното последно отсуство.

Јанкулоска беше блиска соработничка на Никола Груевски и речиси девет години министерка за внатрешни работи во неговите влади – од август 2006-та до мај 2015-та година.

Теми во интервјуто: престојот и условите во затворот; неодамнешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски; нејзиниот однос кон и со Никола Груевски; актуелниот судир во партијата; измените во Кривичниот законик; начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та до 2017-та година; има ли каење за дел од постапките; плановите за во иднина…

Гледајте „360 Степени“ в понеделник на МРТ1 од 20:15.