УХМР

Сончево со умерена облачност

01.10.2023 08:31

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

Денеска времето ќе биде сончево со мала, претежно во северните делови умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието, каде на места ќе има брзина и над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

Од УХМР известуваат дека ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност.