Косово

Тројцата убиени Срби во Бањска денеска ќе бидат погребани

01.10.2023 09:01

Во меѓувреме, Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина, и деескалација од сите страни...

Тројцата Срби, кои беа убиени за време на конфликтот со припадниците на косовската полиција на 24-ти септември во Бањска, денеска ќе бидат погребани.

Во меѓувреме, Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина, и деескалација од сите страни.

Српскиот претседател изјави дека нема намера да ѝ нареди на армијата да ја премине границата со Косово и дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје.