Европа
Популистот Фицо победи на изборите во Словачка
01.10.2023 09:27
Фицо вети дека ќе ја прекине воената помош за Украина. За да ја формира следната влада, тој ќе мора да ги придобие сојузниците.
Популистичкиот поранешен премиер кој водеше проруска и антиамериканска кампања, Роберт Фицо го победи својот прогресивен ривал на парламентарните избори.
Фицо вети дека ќе ја прекине воената помош за Украина. За да ја формира следната влада, тој ќе мора да ги придобие сојузниците.
Од 98 насто од регистрираните избирачки места на вчерашните избори, партијата СМЕР на Фицо води со 23,37 проценти од гласовите.
Неговиот прозападен ривал Михаел Шимечк освои 16,86 насто, а партијата ХЛАС, која би можела да стане клучна за формирање нова влада, освои 15,4 проценти од гласовите.
