Повеќе од 11.000 учесници трчаат на Скопскиот маратон
Покрај маратонската трка (42,195 км), ќе се одржат и полумаратон (21,097 км), штафетен маратон (двајца по 10, двајца по 11 км) и трка на 5 км...

Со учество на преку 11.000 натпреварувачи од 53 држави, денеска се одржува 19-тот0 издание на „Виз Ер Скопски маратон“.
Покрај маратонската трка (42,195 км), ќе се одржат и полумаратон (21,097 км), штафетен маратон (двајца по 10, двајца по 11 км) и трка на 5 км.
Поради најголемата спортска манифестација во нашата земја до 15 часот низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај. Организаторите на „Виз Ер Скопски маратон“ упатуваат апел до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.
Преносот од Скопскиот маратон следете го на МРТ 3.
