Вашингтон

Избегната блокада на владата на САД

01.10.2023 09:53

Оваа привремена мерка, вклучува и пари за катадстрофи, но не и нова помош за Украина што ја бараше Белата куќа.

Неколку минути пред крајниот рок на полноќ, американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот со што владата избегна федерално затворање. И претставничкиот дом и сенатот се договорија за краткорочен договор за финансирање на владата предвидена до 17 ноември.

Оваа привремена мерка, вклучува и пари за катадстрофи, но не и нова помош за Украина што ја бараше Белата куќа.

„Ќе ја држиме владата отворена 45 дена со чиста континуирана резолуција. Ги избегнавме сите екстремни, непријатни и штетни кратења“, изјави Чак Шумер, лидер на мнозинството во американскиот Сенат.