Воен конфликт

Киев: Соборени 30 руски дронови

01.10.2023 10:06

Москва соопшти дека ќе ја продолжи својата специјална операција сè додека потполно не го уништи нацистичкиот режим во Украина и не ги ослободи своите исконски територии. Зеленски од Киев изјави дека Украина е подготвена да стане меѓународен центар на воено производство.

Киев тврди дека собориле 30-ина руски дронови во текот на ноќта. Нападнат централниот регион Черкаска. Руската одбрана, пак, соопшти дека цел на украинските сили била црквата „Свети Никола“ во самопрогласената Доњецка Република. Тврдат дека била користена касетна муниција.

Москва соопшти дека ќе ја продолжи својата специјална операција сè додека потполно не го уништи нацистичкиот режим во Украина и не ги ослободи своите исконски територии. Зеленски од Киев изјави дека Украина е подготвена да стане меѓународен центар на воено производство.

„Кога на крајот ќе ја видиме и почувствуваме максималната воена моќ на Украина – нашите производители, одбранбена индустрија, нашата нова соработка со светот – во вистинска акција, ќе можеме да кажеме дека почетокот на ова беше поставен токму сега, тука, во договори како овие“, нагласи Зеленски.

Во рамките на проектот веќе е најавена инвестиција од 100 милиони долари. Турската компанија „Бајкар“ најави производство на беспилотни летала „Бајрактар“ во Киев.