Брачен пар од Холандија десет години по ред летува на брегот на Охридското Езеро
Десет години по ред летуваат на брегот на Охридското езеро. Брачен пар од Холандија вистински вљубеници во Охрид. Холанѓаните се едни од најредовните и најбројните туристи на брегот на Охридското Езеро. Туризмот се врати на старите патеки, според статистиката бројот на странски туристи бележи пораст од 46,8% …

Брачен пар од Холандија една деценија летува на брегот на Охридското Езеро. Тие се вистински вљубеници во Охрид. Покрај природата, културното богатство, најмногу им се допаѓа вкусната македонска храна и гостопримливоста на луѓето.
Велат веќе имаат голем број пријатели во Охрид со кои редовно се во контакт и се дружат.
„Многу ни е убаво, па еве годинава е десетти пат како доаѓаме на одмор во Охрид. Луѓето, најмногу ни се допаѓаат бидејќи се многу фини и пријателски расположени и токму затоа доаѓаме“, вели гостин од Холандија.
„Оваа сезона овде сме на одмор една седмица. Ни се допаѓа љубезноста на жителите на Охрид, веќе имаме стекнато познанства и пријателства, се дружиме со нив. Овде ни е најубав одморот“, вели гостинка од Холандија.
После ковид пандемијата оваа сезона туризмот се врати на старите патеки.
Изминатава туристичка сезона се уриваат рекорди во посетеност. Според статистиката бројот на странски туристи бележи пораст од 46,8%.
„Вака брзо враќање никој не го очекуваше после ковидот, да вие ја достигнувате 2019 година, навистина е нешто што мора да се признае. А ќе речам дека и оние политики во туризмот вродија плод“, вели професорот по туризам Сашо Коруноски.
Холанѓаните се едни од најредовните и најбројните туристи на брегот на Охридското Езеро. Десетици илјади гости од Холандија и оваа сезона летуваа во Охрид.
Соња Рилковска
