Тетово

Реката Пена затрупана со отпад

01.10.2023 11:16

Реката Пена затрупана со разновиден отпад. Несовесните граѓани продолжуваат да фрлаат сè и сешто, а институциите ниту казнуваат, ниту чистат и го одржуваат речното корито.

Најлоша е состојбата во долниот дел од течението на реката Пена. Пластични шишиња, градежен материјал, мебел и други отпадоци. Не се одржува ниту новиот кеј на реката Пена. Сето ова ја отсликува негрижата на граѓаните, но и на институциите, велат тетовци.

Поради негрижата доведено е во прашање и стабилноста на речното корито.

Од Општина Тетово, велат дека реките се чистат согласно годишниот план. Наскоро ќе се започне и со отстранување на сметот од речното коритото на Пена.

Слична е состојбата и со останатите реки во тетовско кои се нагрдени со разновиден отпад, а како резултат на тоа микробиолошката загаденост е сè поголема.

Зоран Димовски