Терористички напад во Анкара
Едниот бомбаш самоубиец успеал да го активира експлозивот, додека другиот напаѓач бил убиен во престрелка со полицијата- соопшти турскиот министер за внатрешни работи...

Експлозија и престрелки изутрина одекнаа во центарот на Анкара. Бомбаш самоубиец активираше експлозив во близина до зградата на Парламентот и Министерството за внатрешни работи.
Другиот напаѓач е убиен во престрелката со полицијата. Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликај на социјалните мрежи соопшти дека терористите пристигнале со мало возило пред влезот на генералната дирекција за безбедност на МВР, кога едниот од нив успеал да го активира експлозивот. Додаде дека во инцидентот се повредени и двајца полицајци.
Во областа е забележано значително полициско и воено присуство, но не се знае точно каква е тековната состојба.
