Европа

Жртви во пожар во ноќен клуб во Шпанија

01.10.2023 13:38

Властите велат дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Најмалку шест лица загинаа во пожар во ноќен клуб во југоисточниот град Мурсија во Шпанија. Пожарот избувнал околу 06:00 часот по локално време.

Властите велат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Брзата помош и другите служби за итна помош трагаат по лица кои се сметаат за исчезнати и биле во просториите на клубот во моментот на несреќата.

Хоспитализирани се неколкумина поради вдишување чад.