ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, активни се шест
Активните пожари се во три општини и тоа во Општина Македонски Брод, кај село Белица, во месност „Аргулица“, под Солунска Глава каде што гори ниско стеблеста шума и пасиште. Четири пожари се во Општина Прилеп, и тоа кај село Алинци каде гори депонија, село Шелеверци каде гори ниска вегетација, село Мало Рувци, каде што гори нискостеблеста шума...

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови, некаде заеднички - здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, интервенирале на 39 пожари - од коишто до утрово активени сè уште се шест, информираат од ЦУК.
Активните пожари се во три општини и тоа во Општина Македонски Брод, кај село Белица, во месност „Аргулица“, под Солунска Глава каде што гори ниско стеблеста шума и пасиште. Четири пожари се во Општина Прилеп, и тоа кај село Алинци каде гори депонија, село Шелеверци каде гори ниска вегетација, село Мало Рувци, каде што гори нискостеблеста шума, трева, грмушки, букова шума и ниска вегетација, село Веселчани и кај село Старо Лагово каде гори ниска вегетација. Во Oпштина Велес, има пожар на ридот во населба „Превалец“, каде што гори гори ниска вегетација.
Изгаснати се 33 пожари, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, депонии, а и трска.
