Втора годишна конференција на унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Не за диктатот на корумпирани политичари кои се заложници на руските интереси

01.10.2023 15:57

Не за диктатот на корумпирани политичари кои се заложници на руските интереси, а кои го направија овој штетен договор со Бугарија – Мицкоски од втората годишна конференција на Унијата на ветерани на партијата. Повика на обединување, како што вели, против актуелната антимакедонска власт …

„Не за диктатот на корумпирани политичари кои се заложници на руските интереси, а кои го направија овој штетен договор со Бугарија. Европа да покаже разбирање за македонските национални интереси за да се ослободиме од билатералните измислени спорови со соседите“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на втората годишна конференција на Унијата на ветерани на партијата. Повика на обединување, како што рече, во борбата против злото олицетворено во актуелната ненародна и антимакедонска власт.

Претседавачот на Унијата на ветерани ги изложи главните постулати на нивните активности во партијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави нова кампања меѓу народот. Ќе ги презентира принципите, идеите и проектите во изборната програма, со која верува дека ќе извојува историска победа за Македонија на парламентарните избори.

Игор Панов