Македонија

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

01.10.2023 18:32

Законот за амнестија е ист како оној од 2018-та година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО- ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има.

Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце – одговор од Министерството за правда. Од таму велат, ВМРО- ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот ден за сите детали.

Законот за амнестија е ист како оној од 2018-та година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО- ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има.

Во однос на најавите за напуштање на Парламентот, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава. Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување, велат од правда.