МВР
Убиецот приведен, мајка му во притвор
01.10.2023 19:05
Претходно зад решетки заврши неговата мајка, која како што објави Обвинителството, заедно со синот подметнале пожар во стан за да ги прикријат трагите.

Полицијата соопшти дека го уапсила 39-годишнито скопјанец за кого беше распишана потрага и поднесена кривична пријава за убиство и тешки дела против општата сигурност.
Претходно зад решетки заврши неговата мајка, која како што објави Обвинителството, заедно со синот подметнале пожар во стан за да ги прикријат трагите.
Убиството на 36-годишникот се случи на 22-ри септември. Извршителот му нанел 45 убодни рани во вратот и во телото.
