Титула за Ѓорческа на фјучерс во Србија
01.10.2023 14:18
Ова е прва титула за Ѓорческа оваа година во нејзиното четврто финале. Претходно македонската тенисерка претрпе порази во финалните дуели на фјучерсите во Талин, Осиек и Куршумлиска бања.
Тенисерката Лина Ѓорческа го освои фјучерсот во Куршумлиска бања, откако денеска во финалето ја совлада Антонија Ружиќ од Хрватска со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).
Ова е прва титула за Ѓорческа оваа година во нејзиното четврто финале. Претходно македонската тенисерка претрпе порази во финалните дуели на фјучерсите во Талин, Осиек и Куршумлиска бања.
Ѓорческа со денешниот триумф на турнирот во Србија ја освои 13-та титула во поединечна конкуренција.
Последен пат триумфираше во ноември лани на фјучерс во Грција.
