високо образование
Почнува новата академска 2023/2024
02.10.2023 08:32
Премиерот Ковачевски и ректорката на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова на првиот академски час ќе се обратат пред студентите на Медицинскиот факултет...

Денеска почнува новата академска година. Симболично одбележување на сите универзитети во земјава. Премиерот Ковачевски и ректорката на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова на првиот академски час ќе се обратат пред студентите на Медицинскиот факултет.
На најголемиот универзитет во земјава, УКИМ, годинава имаше вкупно 10.473 слободни места за нови студенти, од кои 5.074 за редовни кои се финансираат од буџетот и плаќаат 200 евра партиципација, 4.439 за редовни со школарина, кои плаќаат по 400 евра и 960 за вонредни студенти.
