Протест „Онкологија“

Нов протест пред Влада за скандалот на Онкологија

02.10.2023 08:38

Бараат истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Онкологија...

Вечер нов протест за скандалот на Онкологија. Бараат истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Онкологија, но и обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во тетовската модуларна болница и одговорност за случајот со малата Јана од Битола.

Во Собранието беше утврден составот на Анкетната комисија која ќе треба да ги истражува обвинувањата за случајот. Утре на собраниската седница треба да биде потврден изборот и да почне со работа. Од Обвинителството сè уште прибираат докази.