Промоција на македонскиот тутнун преку меѓународна манифестација за дегустација во Охрид

26.05.2014 14:40

Организаторите на манифестацијата истакнаа дека минатата година Mакедонија остварила извоз на тутун од 26 илјади тони во вредност од 120 милиони евра и извоз на 3 илјади тони тутунски производи во вредност од 20 милиони евра...

Во Oхрид ќе се одржи манифестација за дегустација на тутун и преработки од тутун. Организаторите на манифестацијата истакнаа дека минатата година Mакедонија остварила извоз на тутун од 26 илјади тони во вредност од 120 милиони евра и извоз на 3 илјади тони тутунски производи во вредност од 20 милиони евра.

Со ова би сакале меѓународно да ја промовираме македонската тутунска индустрија како и тутунските производители, изјави Филип Китановски, претеседател на ИТА здружение.

Идејата е да се странските производители преку овој настан поблиску да се запонзаат со квалитетот на македонскиот тутутн, кој се смета за еден од најквалитетните ориентални тутуни во не само во регионот туку и пошироко, вели Васко Ристовски од Стопанската комора.

Со извоз на околу 150 милиони евра тутунски производи оваа култура е на прво место според извозот. Најголеми клиенти се Белгија, Бугарија, Грција, Германија, Хрватска и САД.