Панел-дискусија

Панел-дискусија за вклучување на медиумската писменост во основното образование

02.10.2023 08:52

Панел-дискусија „Вклучување на медиумската писменост во основното образование – искуства и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје. На панел-дискусијата ќе се обратат министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на канцеларијата за општ развој на УСАИД Дон Кармин...

Панел-дискусија „Вклучување на медиумската писменост во основното образование – искуства и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје. На панел-дискусијата ќе се обратат министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на канцеларијата за општ развој на УСАИД Дон Кармин.

На настанот ќе биде претставена Рамката за медиумска писменост во основното образование, подготвена од работната група составена од претставници на Бирото за развој на образованието, ИРЕКС и МИМ. Овој настан се организира во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, што го спроведуваат ИРЕКС и локалните партнери Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, со соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.